Османи: Уживам во континуираните победи на тимот

Шкендија очигледно се враќа во формата во која настапуваше во текот на изминатата сезона во домашниот шампионат. По стартот со две ремија на новото првенство, Шкендија веќе во континуитет има пет едноподруго победи во Првата лига и во Купот на Македонија со кои јасно дава до знаење дека атакува на одбрана на двете титули сезонава.

Сето тоа го радува шефот на стручниот штаб Ќатип Османи кој верува дека ќе се продолжи во ист ритам…

„Триумфот против Кит Го во осминафиналето од Купот беше петти едноподруго на тимот. Сигурно уживам во континуираните победи, и во начинот на кој истите се остваруваат. Сето тоа кажува дека полека на вистински начин се конструира ликот на Шкендија. Сега треба да продолжиме со максимална работа и во иднина и да се продолжиме со истиот ритам и победи, без да дозволиме пад во играта“ – вели Османи.

Шкендија во првенството запиша победи против Беласица, Шкупи и Работнички, а во Купот на Македонија славеше против второлигашите Кожуф и Кит Го. Викендов тетовци ги очекува пресметката против Силекс во Кратово.

Се вчитува...