Османи: Во Струмица игравме без креативност, без идеја…

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ќатип Османи очекувано е незадоволен од изданието на своите избраници на дуелот против Беласица во Струмица кој тетовци го загубија со 2-1.

Шкендија играше без девет стандардни првотимци, во желбата Османи да даде минутажа и за резервите. Но, тоа според него не треба да е оправдание за лошата игра.

„Како и на претходните дуели имавме посед на топка, но за разлика од претходно сега немаше никаква креативност во играта и идеја за финална реализација. Направивме и две грешки во одбраната кои не чинеа два погодоци, од кои едниот автогол. Но, и покрај тоа мислам дека пресуди нашата некреативност и неодлучност во нападот“ – вели Османи.

Се вчитува...