Османи: За само два натпревари ја намаливме разликата со Вардар од -7 до -2

Стратегот на Шкендија, Ќатип Османи очекувано е задоволен од убедливата победа на неговиот тим против Македонија ЃП од 5-1 во 11. коло од Првата македонска фудбалска лига. Но, Османи е далеку позадоволен што Шкендија се враќа во посакуваниот ритам препознатлив за неа од минатата сезона…

„Ова воопшто не беше лесен натпревар како што изгледа. Македонија ЃП е цврст тим кој имаше свои добри моменти на мечот, но ние одигравме навистина квалитетно, со исклучок на оној пад во играта во второто полувреме кога дозволивме и гол во нашата мрежа“ – вели Османи и дополнува:

„За нас е значајно што разликата од минус 7 бодови со Вардар сега за само два натпревари ја донесовме до минус два. Сето тоа носи дополнителен мотив и за секој поединец во тимот да се продолжи на ист начин и на следните дуели, како би стигнале до посакуваната цел на крајот“.

Се вчитува...