Османи: За жал почнавме да играме после 2-0 за противникот…

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ќатип Османи очекувано не е задоволен од поразот на неговиот тим од Академија Пандев во Струмица, кој дојде во последните минути од средбата.

Тетовци имаа негатива и од 2-0 се до 53. минута, но потоа успеаја да се вратат со головите на Радески и Ибраими, Сепак, во 90. минута дозволија нов погодок за конечен триумф на струмичани.

„Мислам дека премногу споро, незаинтересирано, влеговме во натпреварот и тоа не доведе до ситуација да се бориме понатака многу потешко. За жал, почнавме да играме дури откако домашните поведоа со 2-0, а ние се најдовме во крајно неповолна ситуација. Тогаш го покажавме неопходниот квалитет кој не однесе кон надополнување на дотогаш загубеното. Таа реакција по 2-0 беше добра, но на крајот бевме ете казнети во моментите кога верувавме и дека можеме да дојдеме и до комплетен пресврт и победа“ – истакна Османи по денешниот дуел во Струмица.

Се вчитува...