Османи: Заморот од Европа си го прави своето, не го коментирам судењето

Стратегот на Шкендија, Ќатип Османи потенцираше по денешното реми (2-2) со Вардар на стартот од новата прволигашка сезона дека едноставно настапите во Европа придонеле за едно променливо лице на неговиот тим на дербито.

„Нерешениот резултат е некако реален исход од овој натпревар. Можевме да стигнеме и до победата, но ете на крајот примивме еден наивен гол. Имавме променливо лице на мечот, а тоа е секако и поради заморот од Европа кој си го прави своето“ – истакна Османи по мечот, притоа не сакајќи да коментира на прашањата околу судиските одлуки.

Шкендија играше и со играч помалку половина час по исклучувањето на Арменд Алими, а во финишот домашните бараа пенал по играта со рака на Евгениј Новак кој главниот судија Александар Ставрев не го досуди.

„Не сакам да го коментирам судењето. Тоа се ете судиски проценки кои дополнително ќе се анализираат“.

Се вчитува...