Османи: Значаен триумф, ако се знае и со какви проблеми се соочуваме

Шкендија се издвои на врвот од табелата во Првата македонска фудбалска лига по триумфот од 1-2 против Работнички на „Филип Втори“, сега со три бода предност во однос на второпласираниот Вардар.

Јасно е дека шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ќатип Османи е повеќе од задоволен од триумфот во Скопје кој е продолжение на серијата од пет победи во низа…

„Знаевме дека Работнички е квалитетен тим кој силно ќе одговори на нашата желба за победа. Затоа на крајот секако сме задоволни со трите бода и продолжувањето на низата победи. Мислам дека имавме и падови во играта, но на време одговоривме со погодок во вториот дел за сосема заслужена победа“ – вели Османи и дополнува:

„Оваа победа е од големо значење ако се знае и за проблемите со повреди со кои се соочуваме и отсуството на Ибраими и Жуниор, како дополнение на она на Радески. Создадовме помалку шанси од вообачено но искористивме две. Во секој случај, добро е кога реализацијата е солидна и покрај помалиот број создадени шанси“ – истакнува тренерот на Шкендија.

 

 

Се вчитува...