Осмата тенисерка на ВТА-листата, Каролина Мухова од Чешка, го откажа настапот на Австралија Опен поради повреда на зглобот на раката.
Мухова имаше добри резултати во 2023, стигнувајќи до финалето на Ролан Гарос и до полуфиналето на УС Опен, но новата повреда ја спречи да атакува на висок пласман во Мелбурн.
„Старата болка во зглобот ми се врати на половина од подготовките. Морам да гоодложам стартот на сезоната за целосно да ја санирам оваа повреда. Фрустрирачки е, но морам да останам позитивна, да се опоравам и максимално подготвена да влезам во продолжението од сезоната“, објави 27-годишната Мухова.
Првиот гранслем турнир за 2024 година ќе се одржи во периодот од 14 до 28 јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА