Осогово ја прекина соработката со тренерот Андов

По очајниот старт на сезоната со четири порази од исто толку натпревари, второлигашот Осогово ја прекина соработката со тренерот Александар Андов.

Целта на Осогово е опстанок актуелнава сезона во Втората лига поради што првиот чекор по лошиот резултатски почеток е смената на шефот на стручниот штаб.

„Раководството на ГФК Осогово и тренерот на првиот тим Александар Андов ја раскинаа досегашната соработката откако досегашниот тренер на тимот си поднесе оставка поради слабиот старт на сезоната по првите четири кола. Младиот и перспективен тренер Александар Андов ја предводеше екипата и претходната сезона во која постигна задоволителен резултат и со нашиот тим успеа да се пласира од трета во втора лига исток, но после 4 порази едно по друго во почетокот на сезоната во 2 МФЛ исток, доблест на секој голем тренер и човек е да ги сноси последиците од негативниот период на тимот и тоа е најдобро прифатливо решение за двете страни. Клубот и раководството на ГФК Осогово му се заблагодаруваат на тренерот Андов за досегашната работа и му посакува успех во животот и кариерата на спортски план. Вратите на клубот и стадионот Никола Мантов ќе бидат секогаш отворени за него и во иднина со цел: соработка и јакнење на заеднички интереси во спортска и професионална перспектива. В.Д. тренер на нашиот тим се до назначување на нов шеф на стручен штаб ќе биде досегашниот помошник тренер Кире Георгиев“ – се вели во соопштението на Осогово.

Се вчитува...