Осоколениот МЗТ сега брка триумф во Белград

Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва (18 часот) во Белград му гостуваат на Динамик во деветтото коло од АБА2-лигата. „Металците“ пред неколку дена одиграа извонреден натпревар во вечното дерби декласирајќи го Работнички, партија што избраниците на Ѓорѓи Кочов ќе се обидат да ја повторат и на денешниот натпревар.

Сепак, Кочов како и вообичаено останува претпазлив, фаворитската улога препуштајќи му ја на домашниот тим.

„Динамик има навистина талентиран и млад тим, кој е физички на високо ниво. Поучени од минатата сезона, се надевам на сосема поинаков епилог. Би биле пресреќни ако успееме да победиме во салата што го носи името на еден од најголемите тренери, Ранко Жеравица“ – истакна стратегот на МЗТ Скопје.

„Металците“ во ланското гостување против денешниот ривал претрпеа убедлив пораз од 98-75. МЗТ Скопје моментно се наоѓа на второто место со шест победи и две победи, додека Динамик е осмопласиран со скор 4-4.

Се вчитува...