Останаа само четири странски клубови со кои Реал Мадрид играл, а не ги победил

Реал Мадрид славеше во Лондон против Челси со 3-1 во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Шампионите, а со победата на „Стемфорд Бриџ“, мадридскиот клуб успеа и да го скрати списокот на странски тимови против кои нема славено.

Првата победа на „сините“ беше уште во далечната 1971 година кога во финалето од Купот на победниците на куповите славеше во со 2-1 во реваш средбата (првиот меч заврши со 1-1), потоа лондонскиот клуб славеше и во Суперкупот 1998 година со 1-0, а претходната сезона го елиминираше Реал Мадрид од полуфиналето во ЛШ со реми (1-1) и победа (2-0).

Сега кога Челси конечна „падна“, на списокот има уште четири тимови кои можат да се пофалат дека немаат пораз од „кралевите“. Тоа се Ипсвич Таун (два натпревара), Арсенал (два натпревара), Абердин (еден натпревар) и Бока Јуниор (еден натпревар).

Се вчитува...