Останува уште една дилема – Аталанта или Вилјареал ќе биде последниот патник во нок-аут фазата во ЛШ (ФОТО)

По вечерашните натпревари познати се 15 од 16 патници во осминафиналето од годинашното издание во Лигата на шампионите. На Ајакс, Атлетико Мадрид, Баерн Минхен, Челси, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Пари Сен Жермен, Реал Мадрид и Спортинг Лисабон вечерва им се приклучија Лил, Салцбург и Бенфика.

Последниот патник во нок-аут фазата ќе биде познат утре кога ќе се сретнат Аталанта и Вилјареал, меч кој поради снежната бура во Бергамо мораше да биде одложен вечерва.

Четири англиски тима се веќе меѓу шеснаесетте најдобри во европското натпреварување. Утре се очекува да видиме дали Шпанија или Италија ќе имаат три патници во нок-аут фазата. Бенфика и Спортинг Лисабон ќе бидат претставници на португалскиот фудбал, додека Пари Сен Жермен и Лил ќе го претставуваат францсукиот. Баерн Минхен ќе биде единствениот тим од Германија, а по едно место имаат и Австрија (Салцбург) и Холандија (Ајакс.

 

Се вчитува...