Остапенко е „криптонитот“ на Ига Швјонтек

Една од најдобрите тенисерки на денешницата, Ига Швјонтек го забележа и шестиот пораз во исто толку натпревари против летонската тенисерка Јелена Остапенко.

Полјачката едноставно нема начин на кој може да слави против Летонката, од која загуби во четвртфиналето на ВТА турнирот во Штутгарт со 2-1, по сетови 6-3, 3-6 и 6-2.

Во полуфиналето Остапенко ќе игра против Русинката Екатерина Александрова која беше подобра од Џесика Пегула.

Се вчитува...