Остапенко најдобра во Бирмингем, Квитова до трофејот во Берлин

Јелена Остапенко во одлична форма ќе го дочека претстојното издание на Вимблдон откако летонската тенисерка славеше на турнирот во Бирмингем. Таа во големото финале се сретне со Барбора Крјечикова од Чешка, успевајќи да триумфира со 2-0 во сетови. Првиот сет беше крајно неизвесен, за Остапенко да слави со 10-8.

Таа потоа фуриозно го почна и вториот сет, поведувајќи со 5-1, но Крејчикова не се откажа, успевајќи да намали на 5-4. Остапенко сепак го издржа завршниот притисок, користејќи ја втората меч топка за конечни 6-4 и победа во ова финале, за своја шеста титула во кариерата.

Петра Квитова се закити со пехарот на турнирот во Берлин, триумфирајќи со 2-0 во сетови над Дона Векиќ. Двократната шампионка на Вимблдон рутински го доби првиот сет со 6-2, а потоа беше поумешна и во тајбрејкот од вториот со 8-6.

Се вчитува...