Оставка на Јетон Беќири, Ренова остана без тренер

Ренова на утрешното гостување против Академија Пандев во Турново ќе биде предводена од членови на раководството и стручниот штаб на клубот, откако шефот на стручниот штаб Јетон Беќири си поднесе неотповиклива оставка.

Беќири се одлучи на повлекување од клупата на „гипсарите“ по неделниот пораз од 0-2 од Беласица во Тетово. Тој пораз беше дефинитивно одлучувачки за оставката на Беќири откако претходно тимот во пет меча запиша четири порази и само едно реми.

Раководството на Ренова попладнево ја потврди оставката на Беќири наведувајќи дека останува неговите досегашни помошници да го водат тимот на утрешниот првенствен натпревар против Академија Пандев.

Се вчитува...