Остоја Стјепановиќ потпиша за белградски Рад

Поранешниот македонски репрезентативец Остоја Стјепановиќ својата кариера ја продолжува во српскиот суперлигаш Рад.

По настапите изминатава сезона во Македонија ЃП, 34-годишниот фудбалер од средниот ред повторно се враќа на интернационалната кариера овој пат потпишувајќи едногодишен договор со Рад.

Стјепановиќ, кој има и 17 настапи за македонската репрезентација, претходно во богатата кариера настапуваше и за Партизан, ОФК Београд, Чукарички, Матерсбург, Вардар, АЕЛ Лимасол како и полските Висла Краков и Сласк Вроцлав.

Се вчитува...