Остоја Стјепановиќ уште една година во Работнички

Искусниот играч за врска Остоја Стјепановиќ го продолжи договорот со Работнички за уште година. Тој и во претстојната сезона ќе го носи дресот на „романтичарите“. Стјепановиќ ја прифати понудата на раководството за продолжување на соработката.

„Со задоволство можеме да објавиме дека ја продолживме соработката со Остоја Стјепановиќ. Тој и во претстојната сезона ќе го носи дресот на Работнички. Се работи за искусен фудбалер, кој и минатата сезона беше еден од носителите на играта“, изјави спортскиот директор, Иван Поповски.

Се вчитува...