Осум фудбалери во јануари го напуштаат ПСЖ

ПСЖ е подготвен да продаде неколкумина играчи во текот на јануарскиот преоден рок. Според „Л’Екип“, станува збор за осум фудбалери кои во текот на зимскиот преоден рок ќе го напуштат Париз. Тренерот Покетино на располагање има дури 33 фудбалери, а како на некои не може да им даде шанса, ќе почне со распродажба за да го растовари и буџетот, и да го намали играчкиот кадар.

Прв на листата на заминување е Мауро Икарди. И покрај тоа што станува збор за одличен напаѓач, сепак, за него нема место во тимот на Парижаните со оглед покрај Нејмар, Мбапе, Меси и Ди Марија.

Во Париз се убедени дека ќе заработат 50 милиони евра од Икарди, но таа цена е премногу, па ќе добијат нешто помалку.

Исто така на трансфер листа ќе биде и стоперот Абду Диало. Диало дојде од Борусија Дортмунд и беше стандарден, но како што дојдоа Нуно Мендеш и Бернат се опорави од повредата, за Диало нема место. Се шпекулира со враќање во Дортмунд.

Трет на листата ќе биде Курзава. На Курзава му беше продолжен договорот во текот на пандемијата, но не пружа партии какви што се очекуваше. Потоа на трансфер листа ќе се најдат и Колин Дагба, потоа Рафиња, голманот Серхио Рико, па Ерик Џуниот Дина-Ебимбе.

Се вчитува...