Осум години затвор за напаѓачот на Петра Квитова

Напаѓачот кој упадна во домот на Петра Квитова и и нанесе сериозни повреди во обидот да ја ограби доби осумгодишна затворска казна. Иако тој ги отфрли сите обвинувања, ДНК доказите како и сведочењето на тениската ѕвезда беа доволни за пресудата.

Во нападот во нејзиниот дом во 2016 година, Квитова доби повреди на левата, раката со која игра, мина низ четиричасовна операција, а лекарите ја предупредуваа дека можеби нема да може да му се врати на тенисот. Сепак во мај 2017, Квитова повторно заигра.

Двојната шампионка од Вимблдон во моментов е втора на ВТА листата, во јануари се пласираше во финалето на Австралија Опен.

Се вчитува...