Осум „кралеви“ во идеалниот тим на сезоната во Лигата на шампионите

Реал Мадрид очекувано доминира на листата од 18 фудбалери што УЕФА ја објави вечерва како идеален тим на сезоната од Лигата на шампионите. „Кралевите“ трета сезона по ред се искачија на тронот на фудбалска Европа, па неслучајно речиси половина од играчите во овој дрим-тим се дел од екипата на Зинедин Зидан.

Поточно, голманот Навас е избран во идеалниот тим по одличните одбрани во полуфиналните пресметки против Баерн, тука се и дефанзивците Рамос, Варан и Марсело, потоа Кашемиро, Крос и Модриќ во средниот ред, како и незаменливиот Кристијано Роналдо.

Поразениот финалист Ливерпул има три претставници во Ван Дајк, Фирмино и Салах, Лионел Меси е единствениот играч на Барселона во овој дрим-тим, во кој има место и за Хамес Родригез (Баерн), Един Џеко (Рома), Кевин де Бруине (Манчестер сити), Џорџо Кјелини (Јувентус) и Алисон Бекер (Рома).

Се вчитува...