Осум од десетте најскапи дефанзивци се во Премиер-лигата

Хари Мегваер од Лестер премина во Манчестер Јунајтед за 80 милиони фунти и со тоа му го одзеде приматот на Вирџил ван Дајк на најскапоплатен дефанзивец во историјата. Англискиот репрезентативец ја предводи листата на која меѓу десетте најскапи одбранбени играчи има уште седуммина кои се дел од премиерлигашки клубови. Ван Дајк минатото лето за 75 милиони фунти дојде во Ливерпул.

Лукас Хернандез кој од Атлетико Мадрид премина во Баерн Михен и Матијс де Лихт со трансферот од Ајакс во Јувентус ја разбиваат доминацијата на премиерлигашките играчи на врвот на листата.

Зад нив на петтото место е Ејмерик Лапорт со трансферот од Атлетик Билбао во Манчестер Сити вреден 57 милиони фунти. Играч на Манчестер Сити го држи и шестото место, Кајл Вокер во 2017 од Тотенхем во Сити дојде за 53 милиони фунти. И седмото и осмото место се за фудбалери на актуелниот англиски фудбалски шампион, Манчестер Сити. Бенјамин Менди го чинеше Сити 52 милиони фунти. Потоа следува Џон Стоунс со трансферот вреден 50 милиони фунти колку што Арон Ван-Бисака го чинеше Манчестер Јунајтед, а толку вреди и Давид Луиз кој за оваа сума во 2014 година од Челси премина во Пари Сен Жермен.

Се вчитува...