Осум руски ракометари суспендирани бидејќи намерно губеле на ЕП

Руската Ракометна Федерација објави дека се изречени суспензии на осум играчи поради сомнение дека биле дел од криминално здружение за местење на натпреварите на младинското ЕП што летово се одржа во Хрватска.

Станува збор за Дмитри Кандубин, Александр Морозов, Никита Гоголев, Дмитри Фролов, Данил Дмитриев, Максимо Наидунов, Максим Ермолин и Георги Кириленко, кои добија забраниза настап во руското првенство додека не им биде изречена конечната казна.

„Доказите кои беа презентирани ме прават бесен, истовремено и крајно разочаран од нашите млади ракометари. Ова е неверојатно предавство“, изјави претседателот на Руската Ракометна Феерација, Сереј Шишкарев.

Русија заврши претпоследна на овој шампионат, губејќи ги трите средби во групната фаза, како и двата наредни меча во разигрувањето. Особено сомнителен е дуелот со Австрија на кој Русија важеше за фаворит во обложувалниците, но загуби со преубедливи 19-36.

Овие две селекции потоа се сретнаа во последниот меч за избегнување на фенерот, при што руските младинци рутински славеа со 31-24.

Се вчитува...