Отаменди се прости од репрезентацијат на Аргентина: Заминувам со крената глава!

Аргентинскиот фудбалер Николас Отаменди објави дека ја завршува кариерата во националниот тим по настапот на Светското првенство во САД, Мексико и Канада.

Отаменди (38) одигра 139 натпревари за аргентинската репрезентација од 2009 година, а освои и Светско првенство (2022) и две титули на Копа Америка (2021 и 2024).

„Ги пишувам најтешките зборови во мојата кариера. Уште од детството сонував да го носам дресот на Аргентина. Тоа за мене беше најголема привилегија. Судбината сакаше мојот последен натпревар во дресот на репрезентацијата да биде во финалето на Светското првенство. Резултатот не беше таков каков што посакувавме, но си заминувам со крената глава, бидејќи го дадовме максимумот до последната секунда. Ви благодарам на сите што бевте со мене. Збогум, репрезентацијо“, напиша Отаменди на Инстаграм.

Се вчитува...