Отфрлени обвинувањата против Ник Кирјос

Австралискиот тенисер Ник Кирјос е ослободен од обвиненијата за семејно насилство пред судот во Канбера и покрај тоа што претходно на судењето се изјасни за виновен за инцидентот во 2021 година кога ја нападна својата поранешна девојка Кјара Пасари.

Обвиненијата против Кирјос беа отфрлени бидејќи се сметаше за помал инцидент.

Кирјос тогаш изјави дека е благодарен на судот за ваквата одлука и дека во блиска иднина има намера да продолжи со опоравувањето по операцијата на коленото поради која го пропушти овогодинашниот Австралија опен.

Се вчитува...