Интер го носи Гундоган, откако доби „корпа“ од Ракитиќ

Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ својата кариера ќе ја продолжи во Јувентус. И покрај тоа што беше прва желба на Интер, Хрватот ги откачи „нероаѕурите“ па раководството на тимот од Милано веќе се фокусира на ѕвездата на Манчестер Сити, Илкај Гундоган.

Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио, изминатава недела ја мина во Англија, каде ги гледаше натпреварите од Лигата на шампионите меѓу Тотенхем и Манчестер Сити, како и Манчестер Јунајтед и Барселона, како дополнително би се уверил во квалитетите на фудбалерот.

Гундоган изби во прв план поради тоа што не сака да потпише нов договор со Сити, а од Интер тука ја гледаат својата шанса да го доведат Германецот за помала сума во тимот. Покрај Гундоган, Интер го следат и Матео Дармијан во кога гледаат опција за решавање на проблемот со десната бековска позиција.

Се вчитува...