Отказ и за човекот кој го донесе Васоски во Сараево

Александар Васоски си поднесе оставка од местото тренер на Сараево по вчерашното реми (1-1) против Железничар. Македонскиот стратег не го дочека финалето на купот каде го одведе својот тим, меч во кој требаше да се сретне со Вележ.

Медиумите од Босна и Херцеговина пренесуваат дека по македонскиот стратег од „Кошево“ заминува и советникот за спорт Иван Кепчија. Токму Кепчија бил главен виновник за доведувањето на поранешниот тренер на Вардар и Академија Пандев во клубот од главниот град на Босна и Херцеговина.

Не е познато кој ќе го води тимот до крајот на сезоната, а се очекува наследникот на Васоски да биде објавен во следните неколку дена.

Се вчитува...