Отказ за Мота, Пандев добива нов тренер од Уругвај

Гостувањето против поранешниот клуб Интер беше последен меч за Тијаго Мота на клупата на Џенова, откако претседателот Пречиози реши да му врачи отказ по убедливиот пораз од 4-0 на „Џузепе Меаца“. Аргентинецот не успеа да го разбуди тимот откако пристигна на кормилото во месец октомври, оттогаш Џенова славеше на само еден меч во Калчо-лигата, па новата тренерска смена во екипата на Горан Пандев стана неизбежна.

Дел од италијанските медиуми обелоденија дека веќе е избран и новиот стратег на Џенова, кој утре ќе пристигне од Уругвај. Стaнува збор за Диего Лопез, поранешен стратег на Калјари, Палермо и Болоња, кој последниот ангажман го имаше како предводник на Пењарол.

Официјализацијата на доаѓањето на Лопез се очекува во текот на утрешниот ден, а пред уругвајскиот стручњак е тешка задача, да избори опстанок во елитното италијанско друштво.

Се вчитува...