Отказ за Стелоне – нова тренерска смена во Палермо

Илија Несторовски и Александар Трајковски повторно ќе добијат нов тренер во Палермо откако клупската управа реши да му врачи отказ на Роберто Стелоне.

Овој стратег беше отпуштен по вчерашното реми со „фенерџијата“ Падова, резултат со која Палермо остана два бода зад водечките две екипи на табелата (пласман кој носи директно во „Серија А“) на четири кола до крајот на сезоната. Стелоне го водеше Палермо во ланскиот пораз во баражот од Фросиноне, беше отпуштен, па потоа вратен на клупата во септември.

Главен фаворит во трката за нов тренер на Палермо е поранешниот стратег на Лацио, Делио Роси, под чие водство сицилијанскиот клуб во 2011 година стигна до финалето во Купот на Италија.

Се вчитува...