Откажана американската турнеја во Светскиот куп во алпско скијање

Меѓународната скијачка федерација (ФИС) соопшти дека во претстојната сезона нема да се организираат натпреварувања во Северна Америка, поради пандемијата од коронавирусот. Дамите нема да се натпреваруваат во Клингтон и Лејк Луис, додека скијачите нема да патуваат во Бивер Крик и Лејк Луис.

Одлуката е донесена после консултацијата меѓу раководните лица на ФИС, националните скијачки федерации и локалните организациони комитети во Канада и САД.

Засега трките во Европа остануваат на календарот, а на крајот на септември ќе биде објавен и целосниот календар за новата сезона која треба да почне на 17. и 18. октомври традиционално со велеслаломските трки во Зенден.

Се вчитува...