Откажана Ф1 трката за Големата награда на Јапонија

Формула 1 објави дека годинашното ГП на Јапонија, кое беше закажано за 10 октомври, нема да се вози. Јапонија беше 17-та трка по ред во овогодинешниот календар, од вкупно 23.

Меѓутоа, поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус во оваа земја, организаторите одлучија да ја откажат трката.

„Одлуката ја донесе јапонската влада поради компликации предизвикани од пандемијата. Формула 1 работи на деталите за променетиот календар и се’ ќе биде познато во следните неколку недели“, стои во соопштението.

Инаку, оваа сезона трките во Сингапур, Канада и Австралија беа откажани од истите причини, а трката во Кина беше одложена.

Се вчитува...