Откажана трката за ГН на Австралија

Трката за Големата награда на Австралија нема да се вози годинава во Формула 1 шампионатот. Организаторите не можеа да пронајдат начин трката да се одржи и да ги исполни сите строги мерки од државата поврзани со коронавирусот.

Трката беше одложена од 12. март за 19. ноември, но ни тогаш за жал нема да се вози на Мелбурн парк.

По девет одржани трки во Формула 1 шампионатот лидер е Макс Ферстапен на Ред Бул, пред Луис Хамилтон на Мерцедес.

 

 

Се вчитува...