Откажани машкиот и женски спуст на завршницата од Свесткиот куп во алпско скијање

Откажани се последните спуст трки во машка и женска конкуренција во сезоната од Светскиот куп во алпско скијање кои денеска требаше да бидат на програмата во швајцарскиот Лензерхајде.

Ова е голем удар за домашната скијачка Лара Гут која се бори за големиот кристален глобус со Петра Влхова која е далеку подобра во техничките дисциплини.

Ова откажување значи дека малите кристални глобуси во најбрзата дисциплина ги освојуваат Беат Фојц во машка конкуренција и Софија Гоџија во женска.

Утре на програмата се супервелеслаломските трки кои и тие се под знак прашање поради лошото време.

Се вчитува...