Отказната листа на ПСЖ брои девет фудбалери

ПСЖ по продолжување на соработката со Килијан Мбапе и назначувањето на Кристоф Галтие за нов предводник на тимот се сврте кон расчистување на пребогатиот ростер. Така на „отказната“ листа на „светците“ се најдоа имињата на девет фудбалери, пренесуваат француските медиуми.

Мауро Икарди, Лeвин Курзава, Јулиjaн Дракслер, Андер Ерера, Џини Вајналдум, Ерик Јуниор Ебимбе, Рафиња, Серхио Рико и Идриса Геј нема да продолжат со ПСЖ на турнерјата во Јапонија и ним им е сугерирано да најдат нов клуб.

Како потсетување, ПСЖ во текот на летото го ангажираше Португалeцот Витиња од редовите на Порто, а следен на листата со желби е дефанзивецот на Интер, Милан Шкринијар, за чиј трансфер „светците“ нудат 60 милиони евра.

Се вчитува...