Откриена вистинската причина за блискоста меѓу Џордан и Коби

Коби Брајант несреќно го загуби животот во хеликоптерска несреќа во јануари годинава. Не е тајна дека идол на Коби беше најголемиот на сите времиња Мајкл Џордан кој во него гледаше постар брат. Заедничкиот тренер на двајцата кошаркари Тим Гровер даде интересна изјава во која ја наведе вистинската причина за блискоста меѓу двајцата кошаркари.

„Причината зошто Коби беше различен во очите на Мајкл од било кој друг кошаркар е затоа што тој го гледаше него како енциклопедија, не како фан. Коби не беше заинтересиран за него како другите кошаркари. Да му се воодушевува, да побара, дрес, патики по мечот. Тој само сакаше да го апсорбира неговото знаење. Џордан секогаш сакаше да ги тестира противниците. Ќе им даде нешто од неговиот репертоар, па ќе чека да види што всушност приминели и дали навистина го научиле тоа. Ако го сторите тоа, тој ќе се врати и ќе побара нешо ново од вас. Ретко кој успеваше да го предизвика Мајкл, на начинот на кој можеше Коби“, изјави Тим Гровер. 

Во моментов на ЕСПН документарниот филм посветен за легендарната генерација на Чикаго Булс предводена од Мајкл Џордан ги урива сите рекорди на гледаност.

Се вчитува...