Откриени бројките: Кутињо е евтино засилување за Баерн

Филипе Кутињо денеска ги мина лекарските прегледи во Минхен и утре ќе биде претставен како најново засилување на Баерн, а весникот „Билд“ ги обелодени финансиските детали од договорот за позајмица меѓу шпанскиот и германскиот првак.

Според овие бројки, Баерн максимално го искористил фактот дека Барса бараше начин да се ослободи од Кутињо, па за „мали пари“ успеа да го доведе Бразилецот на едногодишна позајмица. Иако претходно се шпекулираше со сума од 20 милиони евра, „Билд“ открива дека Баерн ќе плати само 8,5 милиони за потписот на ова мега-засилување. Добро за Барса е што баварскиот гигант се согласил да ја преземе целата плата на Кутињо, кој за сезоната 2019/2020 треба да заработи 13 милиони евра.

Доколку Баерн сака да го откупи договорот на Кутињо со Барса, тоа ќе може да го стори за 120 милиони евра.

Се вчитува...