Откриени деталите од договорот на Рудигер со Реал?

Реал Мадрид наскоро ќе соопшти дека си подал рака со Антонио Рудигер, но веќе претходно „Марка“ ги откри деталите од соработката, односно каква ќе биде платата на дефанзивецот, бонусот за потпис и провизијата за агентите.

Антонио ја одби понудата на Челси да остане во Лондон, па летоска ќе започне нова авантура и кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.

Се очекува наскоро да пристигне официјална потврда, според пишувањата на Марка се пеглаат последните детали, како тоа дали соработката ќе биде на четири години или четири години плус опција за додатни 12 месеци.

Весникот исто така ги открива деталите од договорот и пренесува дека Антонио Рудигер ќе има нето плата од 9 милиони евра по сезона, плус дополнителни два милиони во зависност од бројот на настапи и на освоени трофеи на Германецот со Реал Мадрид. Дефанзивецот исто така ќе добие и бонус за потпис од 8 милиони евра, а Реал Мадрид ќе издвои и додатни 15 милиони евра како провизија за агентите.

Се вчитува...