Откриени клубовите кои од следнава сезона ќе ги водат Мурињо и Конте

Во очекување на новата сезона во најдобрите европски лиги бројни се шпекулациите и околу менаџерските позиции. Посебно на „тапет“ се оние најпопуларни слободни тренери како Жозе Мурињо и Антонио Конте.

Највлијателниот европски спортски медиум, француски “Л’Екип“ тврди дека веќе ги знае новите клубови на Мурињо и Конте за следната сезона.

Како што пишува „Л’Екип, Мурињо следната сезона ќе ја предводи Рома доколку „волчицата“ се избори за Лигата на шампионите, а Антонио Конте се сели на „Меаца“ на клупата на Интер.

Како опција за Мурињо е и ПСЖ доколку Томас Тухел добие отказ, но Португалецот самиот призна дека негова прва желба е да се врати на Апенините. Спортскиот директор на Интер, Бепе Марота веќе постигнал договор со Конте иако претходно и Мурињо чекаше негов повик.

Се вчитува...