Откриени причините за рушењето на хеликоптерот во Лестер, очевидци тврдат дека тешко има преживеани… (ВИДЕО)

Компанијата „Кинг Пауер“ според која е именуван и стадионот во Лестер а чиј сопственик е Вишаи Шривадханапрабха потврди дека првиот човек на Лестер бил во хеликоптерот кој се сруши по синоќешниот дуел меѓу Лестер и Вест Хем во Премиер лигата.

Според информациите причините за рушењето на хеликоптерот не се, како што првично се тврдеше поради грешка на пилотите, но поради тоа што брзо по полетувањето од центарот на стадионот дошло до механички проблем со моторот на хеликоптерот.

Брзо по полетувањето дошло до пламен во моторот на хеликоптерот а потоа истиот како камен се срушил на паркингот непосредно до стадионот.

„Вишаи Шривадханапрабха влезе во хеликоптерот кој требаше да го однесе во Лондон. Дефектот при полетувањето предизвика пожар и хеликоптерот се сруши на паркингот“ – пишува „Дејли мејл“.

Уште нема официјални потврди кој се бил во хеликоптерот, но се тврди дека биле само Шривадханапрабха и пилотите, а не и ќерката на сопственикот на Лестер како што се тврдеше претходно, ниту пак спортскиот директор на клубот.

Сведоци на несреќата велат дека малку недостасувало хеликоптерот да се сруши и на некоја од трибините на стадионот каде се уште имало луѓе.

„Хеликоптерот се вртеше неколку пати и потоа падна како камен. Членовите на првиот тим со солзи истрчаа надвор. Тоа беше огромен пламен и силна експлозија. Не верувам дека некој што бил во хеликоптерот би можел да го преживее тоа“ – тврдат сведоци на несреќата.

Но, дел од англиските медиуми пишуваат дека сопственикот на Лестер и пилотите се живи но со тешки изгореници. Сепак, ништо од сето тоа не е официјално а се уште се чека официјална информација од англиската полиција.

60-годишниот Шривадханапрабха, милјардер од Тајланд и 378. најбогат човек во светот, на секој домашен натпревар на Лестер доаѓа и заминува со приватниот хеликоптер.

Се вчитува...