Откриено колку е ПАО подготвен да му плати на Желимир Обрадовиќ

Панатинаикос даде сериозна понуда за Жељко Обрадовиќ, а првиот човек на клубот, Димитрис Јанакопулос, не штеди средства за да стигне до трофејниот тренер.

Како што објавува „Моцарт Спорт“, Зелените се подготвени да му понудат на Обрадовиќ тригодишен договор со вкупна вредност од пет милиони евра. Многу грчки медиуми веќе објавија во текот на денот дека трофејниот тренер се враќа на местото на најголемиот успех.

Панатинаикос официјално ја прекина соработката со Ергин Атаман, со што широко се отвори вратата за враќање на легендарниот тренер. Извори блиски до Обрадовиќ тврдат дека одговорот на прашањето дали сака повторно да тренира е да, но под одредени услови.

Се вчитува...