Дуелот меѓу ПСЖ и Башакшехир се уште е во прекин откако гостинските фудбалери го обвинија четвртиот судија за расизам, по што играчите на двата тима го напуштија теренот и се повлекоа кон соблекувалните.
Француските медиуми во меѓувреме открија што точно рекол судијата, што предизвика бурна реакција кај играчите на турскиот првак предводени од Демба Ба.
По прегледувањето на снимката, утврдено е дека главниот судија Овидиу Хатеган го прашува четвртиот судија Себастијан Колтеску кого треба да исклучи, по што добива одговор: “Ala negru” (на црнецот).
Сето ова се случува пред клупата на Башакшехир, по што гостите бурно реагираат и почнува хаосот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА