Откриено што му се случи на Алкараз на мечот со Ѓоковиќ: „Смешно е, но…“

Физиотерапевтот на Карлос Алкараз, Хуањо Морено зборуваше за случувањата на мечот со Новак Ѓоковиќ на Ролан Гарос.

Младиот Шпанец имаше грчеви на почетокот од третиот сет, што го спречи да го даде максимумот.

Српскиот тенисер не препушти ништо на случајноста и од тој момент му дозволи само еден гем.

„Мора да се каже дека тоа не е повреда. Грчеви може да се појават биолошки или психолошки, понекогаш во исто време. Она што го правиме со Карлос е да го контролираме биолошкото, да контролираме дека зема се што му треба. Дека не му недостасуваат минерали или било што друго од хранливи состојки. Кога телото ќе забележи дека недостасува некоја хранлива состојка создава грч во мускулите, но ние добро го подготвивме Карлос. Тоа беше првпат да игра против Ѓоковиќ во полуфиналето на Ролан Гарос. Грчевите секогаш доаѓаат во момент на опуштање. Смешно е, но тоа се случи токму кога Новак отиде во соблекувалната по вториот сет. Тогаш Карлос беше посвесен за се што се случува.“, изјави Хуањо.

Се вчитува...