Отпимизмот на високо ниво кај младинците пред Гибралтар и Шведска (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Младата репрезентација на Македонија до 21 година официјално ги започна подготовките за претстојните предизвици од мартовскиот циклус квалификации за пласман на Европско првенство кое ќе се одржи во Словачка 2025 година.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски денеска во 16. часот го одработија првиот тренинг во рамките на мини подготовките за квалификациските натпревари против Гибралтар и Шведска.

Двата натпревари од Групата 7 во рамките на квалификациите за пласман на Европско првенство ќе ги одиграме во Скопје, на националната арена „Тодор Проески”.

Се вчитува...