Отпишаната „ѕвезда“ од Јунајтед ќе го менува Ројс

Германскиот фудбалер Марко Ројс, ја завршува својата мисија во Борусија Дортмунд, и во идната сезона ќе има нов клуб. Офанзивниот играч од средниот ред пред неколку недели најави дека ќе си замине од Дортмунд, а финалето во Лигата на шампионите ќе му биде негов последен натпревар после 12 години настапи меѓу „милионерите“.

Германските медиуми шпекулираат дека Борусија Дортмунд веќе е во потрага на негова замена, а се почесто се споменува отпишната ѕвезда од Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд. Гринвуд во минатата сезона играше како позајмен во Гетафе, и го сврте вниманието кон себе со одличните настапи. Имаше информација дека Барселона ќе го донесе во своите редови.

Гринвуд е отпишан од Јунајтед, поради наводни обвинувања дека вршел семејно насилство врз својата девојка. Затоа го суспендираше, а потоа го испрати во Гетафе. Од Јунајтед во Дортмунд во моментов е и Џејдон Санчо, кој настапува како позајмен, а не е познато дали ќе биде задржан во Дортмунд, или ќе се врати на „Олд Трафорд“.

Се вчитува...