Отпишаниот Пјаниќ е вториот најплатен фудбалер во Барселона

Миралем Пјаниќ не успеа да најде нов клуб во летниот преоден рок, па тоа значи дека ќе остане и следната сезона во Барселона. Иако играчот од средниот ред на БиХ се поврзуваше со бројни тимови, особено со торинскиот Јувентус, трансферот не се случи.

Според „Спорет“, со Роналд Куман, Миралем сигурно нема да добие шанса да игра, исто како и Самуел Умтити и Рики Пуиг.

Каталонските медиуми сега ја вжештуваат спортската јавност, па пренесуваат дека Пјаниќ во моментов е вториот најплатен фудбалер во Барселона. Според нив, играчот за врска заработува над осум милиони евра нето годишно. Вкупните трошоци на Барселона за него се над 16 милиони и само Филипе Кутињо е платен повеќе од него во клубот.

Барселона се ослободи од голем број големи договори ова лето. Убедливо најскапо платените фудбалери Лионел Меси и Антоан Гризман заминаа, а намалувањето на платата го договорија легендите на клубот Жерар Пике, Серхио Бускетс и Жорди Алба.

Се вчитува...