Отворен патот на Кире Маркоски кон Шкендија: Шкупи му се заблагодари на соработката

Екипата на Шкупи и официјално се раздели со Кире Маркоски, а согласно најавите на ЕКИПА од претходно, тој сега ќе го комплетира трансферот во тетовска Шкендија.

Маркоски мина само шест месеци во тимот од Чаир, откако дојде од Академија Пандев во јули минатата година. Претходно играше за АЕЛ Лимасол, Спартак Трнава и Работнички.

Маркоски има и пет настапи за националниот тим на Македонија, и постигна еден гол. Доаѓа како засилување на Шкендија, со оглед дека пропадна можноста албанскиот репрезентативец Одисе Роши да потпише за шампионот.

Се вчитува...