Отворена истрага за убиство на Астори – нормална работа за обвинителството

За светските медиуми изненадувачки, Обвинителството во Удине покрена истрага против непознати сторители за убиство на Давиде Астори, откако фудбалерот на Фиорентина вчера наутро беше пронајден мртов во својата хотелска соба. Сите информации говорат дека најверојатно станува збор за срцев или мозочен удар, а од обвинителството објаснуваат дека станува збор за нормална работа и процедура при вакви случаи.

„Отворивме криминална истрага од претпоставка дека станува збор за убиство. Станува збор за случај против непознати лица, воедно закажавме и аутопсија што ќе се случи во текот на утрешниот ден. Должни сме на ваков чекор, тоа е нормална постапка бидејќи имаме обврска да ги разгледаме сите опции, дали смртта на Астори била несреќен случај или нешто друго. Засега, никој не е одговорен за ништо, ниту пак може да се дадат конкретни одговори. Оваа постапка ќе ни овозможи да идентификуваме било каква вина од било кое лица, што засега не е случај“ – се вели во соопштението на Обвинителството од Удине.

Се вчитува...