Василије Мициќ, српскиот репрезентативец кој го прифати НБА предизвикот по МВП сезони во Евролигата не успеа да се наметне „преку барата“. Во овој периоден рок веќе беше два пати трејдуван, а неговиот последен клуб, Миловки Бакс ќе го раскине неговиот договор, пренесуваат медиумите во САД.
И покрај тоа што се соочува со дефицит на плејмејкерската позиција, Милвоки цели кон правење на простор во „сејлери-кепот“ за ангажман на Боби Портис па договорот на Србинот вреден осум милиони евра за сезоната 2025/26 ќе биде откупен.
За Мициќ постои голем интерес од евролигашките тимови. Тој е мета на Хапоел Тел Авив кој нема намера да штеди финансии за негов ангажман, но и на Црвена Звезда, Фенербахче, Олимпијакос…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА