Отворено писмо од Ѓоковиќ: Не сум себичен, сакав да им помогнам на останатите…

Новак Ѓоковиќ беше критикуван во Австралија откако побара тенисерите да добијат нешто поинакви протоколи по доаѓањето во Мелбурн, се со цел да имаат можност да тренираат во пресрет на првиот гранслем турнир во 2021 година. Барањето на Србинот беше експресно одбиено од австралиските власти, по што следеше и атак врз Србинот.

Токму поради тоа Ѓоковиќ преку отворено писмо до јавноста реши да се одбрани од критиките, потенцирајќи дека она што го барал не било за негово лично добро, туку за обезбедување услови за сите тенисери.

„Моите добри намери кон колегите во Мелбурн беа погрешно претставени како себични, тешки и неблагодарни. Тоа не може да биде подалеку од вистината. Кога гледате како се одвиваат некои работи, се прашувате, дали да останете на страна и да уживате во она што имате, или ќе обрнете внимание на проблемите со кои се соочуваат другите луѓе. Јас секогаш го бирам ова второто и се решавам да побарам начин да им помогнам, да бидам од корист во таа борба, без оглед на последиците кои би следеле. Јас по потешкиот пат стигнав таму каде што сум сега, да можам да имам одредени привилегии, затоа и сега сакам да им помогнам на сите оние на кои помош им е потребна. Знам колку е тешко, бидејќи се сеќавам колку мене ми значеше секоја помош, секој гест и убав збор кажан додека бев мал и неважен во светот“, порача Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...