Легендарниот дански голман Петер Шмајхел кој е добро познат како остар критичар на ВАР технологијата упати нови остри критики по натпреварот помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити.
Шмахјел се осврна на ситуацијата пред самиот финиш на мечот кога голот на Черки за 3-1 беше поништен поради претходен прекршок за црвен картон на Собослаи поради влечење за дресот на Халанд.
„Едноставно не разбирам. Одликата на теренот е гол. Така и треба да остане. За мене ваквиот епилог е доказ зошто ВАР апсолутно не функицонира. Нема смисла да им се дозволи на судиите вакво нешто. Која е поентата? И Ливерпул сакаше голот да биде потврден бидејќи во оваа ситуација Собослаи е тој што доби црвен картон“, изјави Шмајхел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

