„Ова е лудост, Челси потроши 650 милиони, а нема класичен шпиц!?“

Во првиот меч во осминафиналето во Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд му нанесе пораз на Челси, и му ја продлабочи кризата. Голот за победа беше дело на Карим Адејеми во 63. минута откако претрча речиси 80 метри, го „посрамоти“ Енцо Фернадез и заби во мрежата на кепа.

Токму Фернандез стана најскапото засилување на Челси во историјата. Тие платија на Бенфика 121 милиони евра, но тој не беше од корист.

Поранешниот англиски репрезентативец Овен Харгрејвс вели дека и натаму има шанси за Челси да остане во Лигата на шампионите, меѓутоа според него е лудо што тимот потроши толку многу пари, а нема ниту еден класичен шпиц.

„Лудо, со оглед дека потрошија 650 милиони евра да немаат класичен шпиц. Треба некој да постигне гол“, изјави Харгрејвс.

Сепак, тој смета дека Челси може да го добие реваншот.

„Мислам дека Челси може лесно да победи на реваншот, но Дортмунд е опасен, и тоа го видовме. Имаат добар посед, имаат одлични напаѓачи, и изгледаат солидно во одбрана“, вели поранешниот англиски репрезентативец.

Челси се одлучи да не го регистрира Пјер-Емерик Обамејанг за нокаут фазата.

Се вчитува...