Ова е најлошата Барселона во последните 20 години

Барселона на пролет ќе игра во Лигата на Европа откако со вечерашниот пораз од Баерн Минхен од 3-0 и победата на Бенфика над Динамо Киев од 2-0, не успеа да обезбеди пласман во нок-аут фазата во Лигата на шампионите.

Каталонците за првпат по сезоната 2000/2001 не успеваат да обезбедат пласман во осминафиналето од елитното натпреварување. Тогаш исто така беа трети во групата зад Милан и Лидс. Оттогаш Барселона во секое издание успевала да биде меѓу првите две во групата, освен во 2003 година кога завршија како шести во домашниот шампионат и поради тоа не обезбедија пласман во Лигата на шампионите.

Чави и тоа како ќе има многу работа да го врати клубот на шампионските патеки.

Се вчитува...